Што се и’ се случи на Македонија во 2018?

За Република Македонија и нејзините граѓани 2018 година е година на големи настани. Живееме во историски денови, турбулентни времиња, период на големи одлуки и храбри потези. Какви резултати ќе ни донесат чекорите преземи оваа година, останува да видиме во годината што ја чекаме. Во 12-те месеци кои изминаа бевме сведоци на повеќе настани, кои предизвикаа бура од реакции, како дома така и на меѓународната сцена. Се поздравуваше, но и се протестираше. За власта ова е најдобрата година што ја имала Македонија. Сметаат конечно сме тргнале напред, сме се вратиле на патот на евроатлантските интеграци. За опозицијата Македонија како  никогаш досега е завиена во „црнила“.

Издвоивме неколку настани кои ја одбележаа 2018.

Договорот од Преспа

На 17-ти јуни во Нивици на грчката страна од Преспанското езеро министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас го парафираа Договорот за името. Спогодбата, која низ непосредни преговори, ја постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас предвидува дека Република Македонија ќе го промени своето име во Република Северна Македонија. Новото име, според Договорот, ќе се употребува како во меѓународната комуникација, така и внатре во државата. Употребата „ерга омнес“ на новото име ја отвори потребата од измени на Уставот со цел имплементација на договореното за промена на името. Процесот на измени на највисокиот правен акт започна на 19-ти октомври кога 80 пратеници во Собранието гласаа „за“ потреба од промена на Уставот на Република Македонија.

Неуспешниот референдумот за името

Договореното меѓу владите на Македонија и Грција требаше да добие потврда и од граѓаните на Република Македонија. Владата го одбра 30-ти септември за датум за референдум за името, а Собранието го распиша со одлука истиот да биде консултативен. Референдумот, според официјалните податоци од Државната изборна комисија, е неуспешен бидејќи на гласање излегоа 36,9 отсот од гласачите со што не беше постигнат неопходниот цензус од 50 отсто излезност за д а се смета за важечки. И покрај ова, премиерот Заев ја продолжи имплементацијата на договорот прогласувајќи го рефендумот за успешен бидејќи мнозинството од оние што гласале одговори позитивно на референдумското прашање кое гласеше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“. Малата излезност се должеше на тоа што голем број граѓаните решенија да го бојкотираат референдумот поради несогласување со постигнатиот договор. Опозициската ВМРО ДПМНЕ официјално не застана зад иницијативата за бојкот. Непосредно пред одржувањето на референдумот претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски ги повика граѓаните да одлучат по сопствена волја дали ќе излезат на избирачките места или не. Премиерот Заев доби поддршка и од меѓународната заедница да продолжи со процесот на промена на името и покрај лошите резултати од референдумот.

Законот за амнестија

Телото за помирување, формирано во договор меѓу премиерот Зоран Заев и пратениците од опозицијата кои го поддржаа процесот на уставни измени кон средината на декември го подготви законот за амнестија. Законот експресно во истиот ден на поднесување, 18 декември, со поддршка и од власта и од опозицијата е усвоен. Законот им даде можност на обвинетите, но и на осудени, за собраниските настани од 27-ми април да побараат амнестија. Можноста во рокот ја искористија вкупно 66 лица. Досега амнестирани се 15-мина, меѓу нив се и петмината пратеници обвинети во предметот „27-ми април“, како и водачите на протестите „За Заедничка Македонија“.

Бегството на Груевски

По 11 години суверено владеење како претседател на Влада, Никола Груевски сега е во Унгарија откако 13 ноември на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ја напуштил Македонија и побарал политички азил. Груевски побегна од државата откако пресудата за две години затвор случајот „Тенк“ стана правосилна и доби решение за издржување на казната. Со аргументи од државна институција, дека против него се водат политички монтирани процеси Груевски доби азил од унгарските власти. Министерството за внатрешни работи сеуште истражува како поранешниот премиер успеал да ги премине државните граници и да стигне до Будимпешта без пасошот којшто му беше одземен од судот. Додека трае истрагата во јавноста се уште е отворена дилемата дали Груевски направи така успешен план за незабележано да им помогне на македонските власти или пак му беше дозволено да замине?

Економија на колена

За граѓаните 2018 година од самиот стар не беше финансиски поволна година. Со почетокот на година на сила стапи и покачената акциза за нафтата која, иако власта го тврдеше спротивното, резултираше со поскапувања кои директно удрија по џебот на граѓаните. Дополнително наместо раст годинава македонската економија бележеше пад и во првата половина од годината

Не се реализираа 50 отсто од капиталните инвестиции, а Владата на премиерот Заев годинава забележа и катастрофален резултат во делото на привлекување на странски инвестиции.  Јавниот долг вртоглаво порасна на над пет милијарди евра. Годината ќе ја завршиме и со рекордно најнизок раст на БДП во Европа и регионот.

Грантови за роднини и фирми на функционери

Грантови наменети за иновации во малите и средни претпријатија завршија во рацете на фирми во сопственост на функционери од власта или нивни блиски роднини, како и кај медиуми блиски до власта. Таков пример беше грантот од 330 илјади евра за фирмата на снаата на советничката на премиерот, Цветанка Ласкова. На списокот на доделени грантови во износ од 160 илјади евра, се најде фирмата “Каст инвест# каде што малцински косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој по притисокот на јавноста се откажа, но и ги повика своите бизнис партнери да се откажат од сумата од 160 илајди евра, пари кои ги доби фирмата од Фондот. На удар се најде и пратеникот Хари Локвенец, кој како коспоственик на печатницата “Гинис# од Прилеп исто така доби сума од 160 илјади евра од Фондот за иновации. По реакциите од јавноста истрага покрена и Јавното обвинителство.

Афера „Никиликс“

На вебсајтот на Викиликс се објавени тајни документи на кои пишува дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој го потпиша Договорот од Преспа, кој во 2008-та додека беше преговарач за името истовремено бил и заштитен извор на американските служби кои ги информирал за ставовите на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски. Во документот тогашниот американски амбасадор во земјава Филип Рикер го информира Стејт Департментот  и ЦИА дека преговорите закочиле во моментот кога Бранко Црвенковски како претседател и Никола Груевски како премиер не можеле да ги надминат разликите во врска со предлогот на Нимиц, кој гласел „земи или остави“. Груевски се противел додека Црвенковски сметал дека треба да се прифати. Димитров се огласи единствено за да каже дека се работи за стара информација без притоа да образложи зошто и дали ќе понесе одговорност за тоа што откривал државни тајни на странски дипломати.

Афера „стипендии“       

Претходно, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров се најде во центарот на вниманието кога се обелодени информацијата дека неговата ќерка добила стипендија од Министерството за образование и наука во висина од 40 илјади евра.