Што велат снимките и фотографиите од инцидентот објавени од полицијата во Шарлот?

Во полициското соопштение, со кое е приложена и снимката, се наведува дека Кит Скот имал пиштол и користел марихуана за време на инцидентот. Полицијата објави и фотографии на пиштол, футрола на глуждот и цигара со марихуана.

Убиството на црномурестиот маж од страна на полицијата предизвика масовни и насилни протести поради полициската бруталност.

На снимката не се гледа добро дали Скот имал пиштол, но јасно се слуша како полицајците бараат од него да го фрли на земја. Полицајците, кои биле во квартот за да извршат некоја друга задача, му го забележале оружјето и веднаш ставиле на себе заштитни елеци, пред да му дадат јасни инструкции да го остави пиштолот. Скот не ги послушал добиените усни команди. Полицаецот кој го убил Скот е исто така афроамериканец и отворил оган бидејќи проценил дека Скот претставува непосредна физичка закана за него и останатите полицајци.

Адвокатите на семејството на Скот изјавиле дека снимката остава многу прашања без одговор и не дава јасни докази дали во раката на убиениот има предмет и каков е тој предмет.

Полицијата соопшти дека на пиштолот се наоѓале отисоци од Скот, што е утврдено со ДНК анализа, а оружјето било наполнето.