Што ви треба за поголема самодоверба во сексот?

Ставот е секси. И баш тоа што некого го привлекло во кревет, тоа и ќе го излуди. Повторно и повторно…

Вежбајте сами

Добро прочитавте, сами! Не можете да очекувате од партнерот да знае што сакате ако вие не сте „на чисто“ со себе. Седнете, затворете ги очите и експериментирајте. Ќе бидете посреќни и поопуштени, а со самото тоа и позадоволни.

Охрабрете го партнерот

Не се сите смели како што делуваат, или тврдат! Освен тоа, дури и најголемите љубовници обожаваат да слушнат колку се добри. Нема личност на која не и’ „лежи“ комплимент кој на партнерот после добриот „настап“ ќе му даде уште поголема жар за следниот. Нормално, немојте да му кажете едноставно „благодарам“ или „секоја чест“, туку потрудете се да бидете поопуштени. На пример, „ова беше фантастично“, „оваа поза е прекрасна“,„ ќе мораме почесто да го правиме ова“ или „ова баш ми требаше“.

Доколку сте послободни и се срамите да влегувате во детали, кажете му на партнерот кое негово движење вам најмногу ви се допаднало.

Играјте си

Со себе. Со него. Со секс играчките. Експериментирањето ќе ви овозможи да ја доживеете својата сексуалност од нов агол и да го освежите вашиот сексуален живот.

Само храбро, не грижете се, вашата страст е тоа на што може да влијаете и со чие менување ќе се промените и себеси. Конечно, задоволната насмевка е најдобриот можен детал.