Сто возачи канети за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот од 8 до 12 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 100 возачи.

-Дваесет возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца за дури над 70 километри на час над дозволената, посочуваат од МВР.

Полицијата најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат во соопштението од МВР.