Сточарите разочарани, слаб интерес за купување ситен добиток за курбан

Неколку дена пред престојниот, голем муслимански празник, Курбан Бајрам во Дебар традиционално почна продажбата на овните, кои верниците ги принесуваат за курбан. Поради се уште нерешеното прашање со сточен пазар, тие и годинава се продаваат на инпровизиран пазар во просторот помеѓу Центарот за култура и Новата саат кула џамија.

Со дел од сточарите со кои разговаравме искажуват разочараност поради слабиот интерес за откуп, кој споредно со минатите години не може ни од далеку да се спореди. Тоа го потврдува и Скендер Аме, претседател на друштвото на одлегувачи на овци „Даши“.

„За разлика од минатата, кога сточарите од Дебар и Центар Жупа продадоа над 4.000 грла ситен добиток, главно овни, годинава не очекуваме да се продадат ниту половина. Нашите очекувања се од 1.000 до 1.500 грла. Нездоволството кај сточарите e големо. Поради ниската цена на јагнињата,оставивме поголем број грла за продажба за Курбан Бајрам, но како што стојат работите ништо и од тоа“, вели Аме.

Причини, според него има повеќе.

„Прво состојбата со пандемијата, која ги уништи луѓето во секој поглед, второ неприсуството на печалбарите, кои во овој период масовно доаѓаа во родниот крај. Иако во помал процент сепак влијание имаат и информаците за појавата на болеста син јзик, во некои делови во државава, како и други причини, како што е определбата на дел од верниците парите наменети за курбан да ги депонираат во муфтиствата“, додава Аме.

Цената се движи од 70 до 120 евра, по грло, што зависи од тежината.

Курбанот, се коли, првиот ден од празникот, по што месото се распределува на сиромашни семејства.

Првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам, се паѓа на 31 јули(петок). Празникот се слави четири ден.