Стогодишен Индиец направил лажна венчавка за да докаже дека уште е жив

За да им докаже на властите кои престанале да му ја исплаќаат пензијата дека сѐ уште е жив, Индиец повозрасен од сто години се појавил во матичната служба во свечена облека и пратен со сватови.

„И тоа како сум жив!“, извикал во матичната служба Дули Чанд, кој има 102 години, пренесуваат локалните медиуми.

„Старосната пензија престанаа да ми ја исплаќаат во март, бидејќи во евиденцијата на индиските власти стои дека сум умрел. Од тогаш попусто се обидувам да им докажам дека сум жив“, изјавил Чанд.

Социјалниот работник Навен Џаихинд беше еден од учесниците на лажната свадба појаснил дека се одговорил на поканата за венчавката за да му помогне на Чанд.

„Досега контактиравме неколку владини канцеларии, и дури организиравме конференција за медиумите, но сето тоа досега беше попусто. Тогаш се досетивме да организираме свадбена поворка за да го свртиме вниманието на јавноста на проблемот на Чанд“, изјавил Џаихинд.

Откако видеоснимката од лажната венчавка се прошири на социјалните мрежи, работникот во социјалната служба добил неколку телефонски повици од лица кои се нашле во слична ситуација со тврдоглавата индиска администрација.