Стоиљковиќ: Oслепeнa e демократијата во Македонија

„Во политиката енергијата што ја движи државата и општеството се луѓето. Затоа тоа чувство за мерка е повеќе од потребно затоа што се работи за судбината на луѓето. Тоа чувство за мерка кај македонските партии треба да биде многу поизразено, особено во пристапот кон помалите национални заедници. Тоа чувство Заев и неговата партија го немаат“, изјави неодамна во Собранието пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите, со кого разговаравме за актуелните случувања во земјава.

Тој во интервју дадено за порталот мкд.мк говори за актуелните политички и општестевени случувања во државата.

Во продолжение дел од интервјуто на Иван Стоиљковиќ дадено за порталот мкд.мк.

Впечаток е дека Македонија се гради како двонациoнално општество, а не како едно општество за сите. Се согласувате ли со ова?

– Скоро сум сигурен дека ако се направи анкета со поставено прашање, дали Македонија се движи во исправна насока, генерално во однос на националната, внатрешната, надворешната, економската и безбедносната политика, одговорот ќе биде негативен. Во таа смисла одговорот на прашањето дали надвор од уставните рамки се гради двонационално општество е надвор од која било дилема. Вистинското прашање би било дали нешто се прави тоа да не биде така, за жал, и на тоа прашање одговорот е негативен. Замислата за Македонија, а потоа и рамковна Македонија не беше таква, затоа навистина искрено сум загрижен за тоа каква ќе биде иднината на пострамковна Македонија.

Каква беше замислата?

– Кога во далечната 2002 на еден редовен консултативен состанок на политичките лидери што се одржуваше под покровителство на меѓународната заедница го прашав идеологот на албанското движење во Македонија, Арбен Џафери, каква е улога на заедниците под 20% во политичкиот живот во однос на статусот на Албанците визави Охридскиот договор, тој одговори, „Проблемите што кулминираа 2001 можеа да се решаваат на повеќе начини, првиот беше консензуална демократија, вториот воспоставување на политичко-територијална автономија, третиот федерализација и четвртиот конфедерализација на Македонија.

Ние како преговарачи се одлучивме за изградба на консензуална демократија. Меѓутоа поради големото влијание, авторитет и интегритет на професорот Робер Бадентер дадовме позначајно место на припадниците на заедниците под 20%, со што на пореален начин би бил отсликан мултиетничкиот карактер на Македонија и за да го зачуваме унитарниот карактер на државата”. Навистина се поставува прашањето, што не е јасно?

Целото интервју можете да го прочитате на мкд.мк.