Стоилковски: Блиски на Рашковски среде корона криза си делат тендери, а институциите молчат

„Петти ден молк од институциите. Петти ден молк од власта за скандалозниот тендер за градежни машини, каде што братучедот на сопругата на Драги Рашковски како директор на ЈП Дрисла додели тендер на братучед на Драги Рашковски сопственик на фирмата „Алпима ТИМ“ ДООЕЛ Струмица – Александар Пиперевалиев. Истиот Пиперевалиев кој што е бизнис партнер со партнерите на Вице Заев“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој нагласува дека скандалозниот тендер е во висина од над 12 милиони денари за изнајмување на градежни машини во времетраење од 3 месеци и тоа склучен во 4 очи.

„Додека граѓаните мака мачат со заразата, со справувањето со последиците од корона вирусот, Драги Рашковски, Коста Начевски и Петре Шилегов делат тендери во 4 очи на нивни блиски. Додека Комисијата за спречување корупција ја утврдува поврзаноста на сите инволвирани, односно роднинската поврзаност на Драги Рашковски со Коста Начевски и Александар Пиперевалиев, бараме, Јавното обвинителство да отвори случај и да го истражи овој тендер“, побара Стоилковски и додаде:

„Овој скандал во вонредна состојба, тендер доделен од еден братучед на друг братучед, мора да се испита до крај и да се сноси одговорност. Ова не е прва вмешаност на генералниот секретар на Владата на СДСМ – Драги Рашковски во вакви сомнителни тендери каде што има сериозни сомнежи за криминал, и затоа бараме и овој пат да не се крие вистината од граѓаните“.

Стоилковски праша дали и какво влијание имал Драги Рашковски во доделувањето на тендерот од ЈП Дрисла, каде што едниот братучед на сопругата на Рашковски му доделува тендер на братучед на Драги Рашковски?

Затоа вели, нволвираните мора да сносат одговорност, а Русковска обвинителството и трас-трас судството на Зоран Заев мора да се разбудат и конечно да почнат да работат, истакнувајќи дека правда мора да има и ќе има.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.