12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Стоилковски: Бочварски ја злоупотреби министерската функција во партиски цели

На прес конференција во Делчево, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски обвини дека дека вчерашното присуство на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој присуствуваше на увид во изградбата на улицата Скопска е класичен пример за злоупотреба на неговата функција како Министер, кој според Стоилковски свесно се вклучил во предизборната кампања на кандидатот за градоначалник Горан Трајковски.

-Почитувани неговиот предизборен прес во функција на поддршка на кандидатот на СДСМ тука во Делчево е класична злоупотреба во изборни цели на функцијата Министер за транспорт и врски за што ќе бидат информирани сите релевантни меѓународни институции. Соочени со загубата, Зоран Заев и СДСМ, најнеуспешниот Министер во било која Влада и најнеуспешниот градоначалник што било кога го имал градот Штип го пуштија во Делчево,да шири лаги дека Делчево денес личело на модерен европски град без проблеми. Почитувани Делчево тоне со Горан Трајковски актуелниот градоначалник и кандидат повторно од СДСМ и за тоа сите во Делчево се свесни, а свесни се и во СДСМ, кажа Стоилковски на прес конференцијата.

СДСМ, додаде портпаролот Стоилковски го заборавила Делчево, го заборавила патот до Делчево, ги заборавила калливите улици во Први, Втори и Трети Реон, ги заборавила хаосот во Ново Делчево и проблемите со доводот на питка вода за пиење.

-СДСМ ги заборави проблемите со непосточеката канализација во речиси половина Делчево, основни потреби за живеење во 21 век. Нема вода, нема канализација, ова не е Европско туку Делчево со проблеми од 19 век. Четири години ги преспаа. Почитувани ни една злоупотреба нема да го спаси СДСМ и нема да го спаси Горан Трајковски од пораз на овие избори и затоа се свесни. Бочварски е познат како градоначалник со само еден изграден километар асфалт за време на неговиот мандат како градоначалник и е познат како Министер со ни еден изграден километар автопат и познат како човек кој што не може да глуми поддршка за Горан Трајковски за втор мандат кој е познат во Делчево како човек со изградени само 20 метри асфалт во делот наречен Звегорска Река, додаде Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ финишираше дека залудни се сите лаги, манипулации и злоупотреби од страна на СДСМ во поддршка на Горан Трајковски, бидејки како што додаде Делчево сака промени, Делчево сака проекти Делчево сака победи.