Стоилковски: Бродот ти тоне Костадине, а ти сам го дуваш дупнатиот чамец за спасување на Капиталецот

Синоќа на порталите се објави дека портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов е вмрежен во невладината на Боки 13, која најверојатно ќе биде предмет на финансиска истрага. Веднаш потоа Костадинов демантираше, јасно изјавувајќи: „Јас сум чист“.

На ова изреагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, а главната порака му е:„Бродот ти тоне Костадине“!

„Го читам потрчкото на Капиталецот со реден број 33 нешто пишувал за правна држава.
Па, повлекува црта, вели тој бил Чист.
Добро Костадине, твоја приватна работа е тоа. Ако си чист, немаш гајле. И немаш потреба да се докажуваш.
Се согласувам дека во иднина ќе има одговорност за секое прекршување закон, па ме интересира зошто тогаш покажуваш толкава несигурност за да се јавуваш на прозивки од „лажни вести“ како велиш?
Ги имаше и претходно, ама ти немаше гајле!
Да не „лежи зајакот“ во тоа што во аферата Катица+13 паднаа ликови кои барале пари за продукција на лажни вести за поддршка на Капиталецот?
Па ме интересира како тоа се борите против криминалот и корупцијата кога таа е токму во врвот на власта? Кај дечките со кои заедно вдишува(в)те власт?
За деструкции те молам прости друг пат ќе ти пишам; За деструкциите на тој што Додека дише, ќе лаже за 500 евра, 600 км, ти истопорен, а тој фатен за ф’станот на Катица?
Единствено што разобличуваш, Костадине, е дека си потрчко кој што прави како што ќе му кажат.
Бродот ти тоне Костадине, а единствено ти сам го дуваш
дупнатиот чамец за спасување на Капиталецот.
Органите кои ги споменуваш за некаква верба не работат Костадине; Органите се во клиничка смрт, ги убивте заедно со Капиталецот.
Ајде, ќе потрчкате уште малку додека се осмелите за избори.
А тогаш? Е, само тогаш ќе биде повлечена јасна линија кој е чист и пред Законот и пред Народот“!