Стоилковски: Дали зад фактурите од 850 илјади евра до Дрисла лежи крвното сродство меѓу Рашковски и Пиперевалиев?

Скопското јавно претпријати за справување со отпдот „Дрисла“, коешто во описот а работата има потреба од градежна машинерија и ја има и ја поседува, за само две години 2019 и 2020 година, исплатила речиси милион евра за изнајмување багери, на градежни машини а парите ги добива братучед на тогашниот генерален секретар на на Владата е Драги Ршковски од СДСМ сопартиец на директорот на депонијата, исакна во вторникот на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на опозициската партија посочи притоа дека надлежните државни институции како и Антокорупцсикта комисија мора да одговорат мна прашањето дали единствената причина зад фактурите од 850 илјади евра за две години испратени од фирмата од Струмица до Дрисла, лежи во крвното сродство меѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев?!

„Дали врската со Рашковски била причината 850 илјади евра да бидат исплатени на Пиперевалиев, наместо одржување на машинеријата на Дрисла? И дали крвното сродство било посилно од Законот за јавни набавки, па договорот е склучен во четири очи?“, рече Стоилковски.

Предочи дека според договорот од 2020 година, вреден повеќе од 12 милиони денари,тоа е првата зделка откако Дрисла станала јавно претпријате со коешто почнува да управува Коста Начевски, функционер на СДСМ.

Веројатно крвната врска, додаде Стоилковски во продолжение, е пресудна и за менување на условите во огласот и тоа во време додека огласот бил објавен и активен, па се бришат услови како биланс во последните три години или минимален број вработени од  12 лица.

„Уште еднаш, со два договори, договор во четири очи, фирмата којашто нема ниту 12 вработени, за две години фактурира 850 илјади евра. Договори меѓу Дрисла и братучед на генерален секретар на владата на СДСМ, за изнајмување на багери за Дрисла која што и сама поседува механизација!?“, заклучи Стоилковски.

Додаде дека владејачката партија не може да го сокрие криминалот во своите редови кој според него ќе владее во земјата сѐ додека со институциите владеат истите лица.

„Македонија може да излезе од кризна состојба само со брзи предвремени избори. Колку повеќе се чека толку повеќе се тоне во корупција, криминал и кризи“, оцени портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.