5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Стоилковски: ДКСК да отвори постапка за ухлебувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница

Државната комисија за спречување на корупцијата мора да отвори постапка за испитување на вработувањето на сопругата и сестрата на сопругата на министерот Благој Бочварски во Клиничката болница – Штип, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според јавно достапни информации, сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Министерот Бочварски се венчава во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа.

Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас.

Бидејќи и Бочварски и клептоманската власт водена од неспособната антимакедонска СДС молчат за случајот, ДКСК мора да даде одговори:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница – Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?, прашува Стоилковски и додава:

„Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се ухлебени во штипската болница речиси директно „од клупа“, со неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипска болница без оглас распишан од болницата?

Дали Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработат во штипската болница?

Македонија се дави во корупција која што доведува до страшна и длабока сиромаштија. Една од функциите на ДКСК е да спречува корупција и да реагира навремено. Со затајување на ДКСК, институцијата станува соучесник во девастацијата на системот, соучесник во злоупотребите и соучесник во растот на корупцијата и со тоа во осиромашувањето на граѓаните.

Институциите и буџетот на Македонија повеќе не може да издржат ухлебување на семејства и миленици на антимакедонската власт. Ова мора да има крај!“.