Стоилковски до Богоев: Стефане бруко една, заборави ли дека Ковачевски вчера држеше говор во Св. Софија или заборави зошто не те поканија со него

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук му порача на Стефан Богоев дека и Димитар Ковачевски вчера беше во Света Софија во Охрид.

-Па простете му на она несреќно момче Стефан Богоев кое што вчера изгледа бил заборавен да го поканат на партискиот собир во Света Софија во Охрид и со тоа не знаел дека вчера таму на партиски собир во црква како вели му бил Димитар Ковачевски Таче!

Заборавениот Стефан напишал статус со изморени дланки од ракоплескања на Таче гледајќи го на ТВ, додека истовремено им испраќа исти пораки на Таче и стопанот Заев со зборови за “најдобар претседател до сега”, молејќи за место за себе пред евидентниот раскол!

Стефане, бруко!, стои во неговиот пост на Фејсбук.