Стоилковски до Шилегов: Покажи дозвола за градба ако имаш, ама немаш!

Наум Стоилковски на својот фејсбук профил го повика Шилегов да објави дозвола за градба.

-Петре Шилегов, објави документи, покажи дозвола за градба!

Ако ги имаш, ама ги немаш!

Наместо нарачани наслови во медиумите каде го нема “глаголот”, наместо притисок врз редакции, наместо да не им одговараш на телефони и смс пораки, покажи ја градежната дозвола.

Ајде да видиме дозвола, од кого е потпишана, каде се платени комуналии, кој се со тебе е заглавен во криминал?

Дали потпишал Богоев? Дали тој за урбанизам?

Еве и нешто плус- ДУПот од 2016 е поништен од Уставен; оспорен од НВО против токму ваква бетонизација. Богоев не донесе нов. А според тој од 2012, немаш дозвола за толкаво здание.

А градиш Петре нелегално баш според пишаното во поништениот ДУП!

Ги повикувам и граѓанскиот сектор, О2 и другите НВО коишто го оспорија ДУПот да излезат и побараат одговорност од Шилегов за ова урбанистичко дивеење!