Стоилковски: Една година криминал, лаги и неработење

Една година како Република Македонија е жртва на криминални зделки, злоупотреби за лично богатење и целосно запуштање на потребите на граѓаните. Смет насекаде, тендери за свои блиски, неработење на администрацијата, криминал по улиците, корупција во администрацијата, уплашени граѓани на улиците, партиски превработувања, кучиња скитници, загаден воздух, – во тоа за само една година криминалната банда на Зоран Заев го претвори животот во Република Македонија. Една година од локалните избори во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту градските уште помалку руралните општини видоа некакво придвижување, освен движењето на криминалот. Нема инфраструктура, улици, водоводи, нема економски движења, нема инвестиции, нема градежништво, нема развој – нема ништо  што би оддавало слика за грижа за општините и дека буџетските пари се трошат на потребите на граѓаните. Случајот со градоначалникот на Ново Село, препознатлив како Боро ја дава целосната слика за тоа како изгледа Република Македонија откако криминалната банда на Зоран Заев ги зазеде локалните власти. Една година по локалните избори, имаме градоначалник – локален моќник преку ден, криминалец и шверцер преку граница во црни темници во ноќта. Градоначалник кој влегува во директен конфликт и судир со полицијата. Градоначалник со пресуда, која експресно потоа се намалува, па со политичка аболиција, останува на власт во Ново Село. Притоа Судот на партијата се покажа посилен од правосудството во Република Македонија, рече Стоилковски ој и додаде:

„Сликата на Боро ја надополнува градоначалникот на Демир Хисар, Марјанчо Стојановски, уште една ѕвезда на криминалната банда на Зоран Заев! Отворено се заканува на вработените во градинка, на оние кои ги чуваат и воспитуваат децата, најмалите, и на нивните родители, дека ги прислушува нивните разговори, дека ги прислушува и знае кој што зборува. И тој е помилуван, пуштен дома, и натаму да сее страв меѓу граѓаните. Борче Гиевски, градоначалникот на Зелениково физички се пресметувал и понижува со наставничка во општинското училиште заради нејзин обид за средба со градоначалникот на општината. Нема општина чиј што градоначалник од СДСМ не би можел да се најде на оваа листа по неработење и скандали“.

Но, подвлечеСтоилковски,  врв на оваа година е Скопје, метропола која се удави во смет, која летно време се гуши во загаден воздух кој мириса на палеж, чиј што центар се претвори во арена за борби на улични кучиња. Улиците се претворија во патеки за мото-трки, а булеварите изгледаат како сцени од кримифилмови – со убиства, пукање во движење, бандитски пресметки! Комарци ги изедоа скопјани како градот да е среде мочуриште, а не административен политички економски центар на државата! Капитален проект на градоначалникот Петре Шилегов за годинава беше чистење на пелени за што активираше и полиција и армија, потенцираше Стоилковски и додаде:

„Оваа година го покажа СДСМ во полно светло. Но, ова не смее да се повтори. Криминалци, аболицирани, насилници, прислушувачи, неработници, не смеат да бидат над граѓаните. Трката во СДСМ за наследник на Заев, за лидерска позиција во СДСМ, градоначалниците не смеат да ја водат врз грбот потребите, па и здравјето на граѓаните“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.