Стоилковски: Филипче со докторка од Фармакологија градат зграда во Козле

Додека епидемијата непречено се шири, а граѓаните умираат, Венко Филипче стана сосопственик на цела зграда во Козле, општина Карпош, Скопје, тврди Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче заедно со уште едно докторско име, Емилија Атанасовска, од Институтот за фармакологија од Универзитетските клиники, на местото на семејна куќа, изградија и станаа сосопственици на цела зграда со вкупна површина од околу 570 м2. На имот на Атанасовска, семејна куќа со двор во скопско Козле, Венко Филипче влегува во сосопственички однос, за заедно да бидат соинвеститори во изградба на цела зграда. Притоа за да се затскрие и да го затскрие своето име, Филипче ја овластува својата партнерка, таа да го застапува во правната комуникација со општината и институциите при градбата. Всушност, се поставува прашање дали Венко Филипче е оној градежен инвеститор кој што го финансира градењето – вели Стоилковски.

– Наместо оставка, замена на Филипче и осуда за скандалите, додека здравството тоне, нема стратегија за запирање на епидемијата, мафијата на власт го остава Венко Филипче за министер, а за негов заменик го поставува во министерството за здравство, Илир Хасани односно неговиот докажан партнер, на Венко Филипче од скандалот „Шпанско село 2“. Скандалот и по речиси цела една година нема разрешница ниту од Антикорупциската комисија, ниту од Јавното обвинителство. А, Филипче се уште е министер! Наместо осуда, мафијата го надградува системот за градежна експанзија на министерот и на неговиот заменик. Европа ја зафаќа вториот бран на корона вирусот, а Македонија се уште не може да се справи со првиот бран. Секојдневно растат бројките на заразени и на починати, здравството го тресат скандали, а мафијата на власт се грижи за градежната експанзија на министерот. Или мафијата или Македонија? Изборот е Македонија – рече Стоилковски.