Стоилковски: Kандидатот за претседател на СДС наместо највиското партиско тело, ќе го избира Груби со асистенција на Зечевиќ

На Македонија не и треба нов Зоран Заев, ниту па и треба уште еден следбеник на заевизмот и менталната матрица кажувам, заборавам, негирам! Единствено на Заев му треба послушник кој што ќе ја поддржува политиката едно евро за Вицето, ќе ги подржува криминални тендери или пак епидемијата на непотизам, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани, Заевизмот го заборави и го негира огласот кој што пред  неполни две недели беше распишан тука од СДС за кандидирање за претседателски кандидат. Огласот е заборавен и негиран уште пред истекот на рокот којшто беше зададен токму од СДС. Внимавајте, распишаа оглас на четврти февруари, со рок  траење до 19ти, односно до денеска, а веќе вчера, на 18ти, ден пред истекот, тие веќе го имаа заборавено и го негираат огласот! Го негираат тоа што наместо Извршниот одбор, највисокото тело партиско на СДС кандидатот за претседател на СДС ќе го избира Артан Груби од ДУИ, а со асистенција на Миле Зечевиќ! И нема ништо од апликациите, ништо од наведените критериуми, како тоа кандидатот да ужива доверба на членството и на симпатизерите на СДС и да ја како што беше наведува оживотворува политиката на СДС! Кандидатот сега треба да ја оживотворува политиката на Артан Груби и да ја ужива довербата на ДУИ!, вели Стоилковски и додава:

„Заев сега не бара претседателски кандидат. Бара послушник кој што ќе му го аминува криминалот на картелот во власта. И нема ништо од демократски норми во овој избор. Членството ќе биде ставено во функција да гласа за изборот на Артан Груби. Каде се европските вредности во глумењето во сета оваа постапка. Дури ниту во копирањето на ВМРО-ДПМНЕ не ги бива. Гордана Силјановска Давкова, еминентен професор, ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ со гласови од бројни еминентни професори, доктори, правници, економисти, кои беа дел од звучните имиња меѓу делегатите на Конвенцијата во Струга. Епа наместо такви звучни имиња, СДС ќе трча со кандидат избран од Артан Груби! Почитувани, Зоран Заев и заевизмот во целост ги потценуваат граѓаните, ги потценуваат дури и своите подржувачи. Јасно е зошто Зоран Заев преку заевизмот избега и од предвремени избори, јасно е дека Заев се плаши од пораз, свесен дека нема никаква поддршка за своите антидржавни политики“.

Оттука, потенцира тој, сите следни чекори по Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга се јасна порака: ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите, Гордана Силјановска Давкова е следниот претседател на Македонија.