Портпаролот на антиевропскиот фронт за заштита на криминалот, дезертерот од дебата Димитар Ковачевски зад камерите признава дека Коридорите ќе чинат многу повеќе од 1.3 милијарди евра, но и дека не постои ниту основен проект за нивна градба. Ковачевски со тоа признава дека исплаќа пари, а градба се уште не може да започне, истакнува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тогаш, Ковачевски мора да одговори за што се одржа манифестацијата кај Битола на којашто тој пред два дена мавташе со зелени знамиња?
Како е можно да отпочнува градба за којашто нема ниту основен проект?
Невозможна е градба без основен проект, и со тоа невозможно е да започне да се гради. Затоа ли и багерите ги снема по снимањето на рекламата за Ковачевски на Фб?
Дали Ковачевски признава дека отпочнувањето на градбата кај Битола е само уште една лага од Ковачевски и фронтот за заштита на криминалот.
Фрлени се десетици илјади евра за манифестација само за креирање на лажна слика и за скапи Фб, твитер и тикток владини реклами?
Антиевропскиот Фронт за заштита на криминалот на ДУИ и СДС фрли десетици илјади евра за лага и манипулација, за владиниот скап неуспешен инфлуенсер Димитар Ковачевски да сними ново вирално видео со знаменца“ – посочува тој.
Стоилковски истакна дека после изборите ќе дојде и одговорноста.
-Чиста лага, чиста манипулација за снимање за медиуми, чист гол лажен кич за Пи-Ар. Почитувани, кршат закони, го суспендираат собранието и дополнително фрлаат пари за гол маркетинг, само и само во заштита на криминалот. Полтронот Ковачевски ќе направи се’ само да му удоволи на Али Ахмети, да удоволи на криминалот, за да продолжи уште некој месец да бега од поразот, а тоа ќе ја чини Македонија речиси цел еден годишен државен буџет. Вакво насилство врз нормите за да воведе експлоатација на народот, за да помине криминалот, вакви градења на потемкинови села само за гола реклама, прави само премиер и влада кои што знаат дека ќе бидат збришани на следните избори. Потребни се одговори, а по изборите ќе дојдат и одговорите и одговорноста, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.