Стоилковски: Нема општина водена од СДСМ во која е реализиран капитален проект или се создадени работни места, време е да замине во историја

Нема општина водена од СДСМ со реализиран капитален проект, во која е отворен капацитет и вработувања за граѓаните или во којашто  има барем делумно задоволни граѓани или решен барем еден проблем, рече во петокот портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ама затоа има општини водени од СДСМ каде што царува криминал. Затоа има општини водени од СДСМ каде што царува полнење на администрацијата со партиска војска! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници манијачат врз жени! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници шверцуваат и пукаат во полиција! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници силуваат совети со буџети за машини за перење“, истакна Стоиковски.

Посочи дека има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците плаќаат „300 евра за едно метро даски“.

„Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците кои што плаќаат 500 евра за една клупа! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници кои што менуваат дупови се од СДСМ за нова бетонизација! Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците се фалат со чевли од своите фабрики и не даваат плата“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски ја обвини владејачката СДСМ дека не исполнила ниедно ветување.

„Нема човек што не се чувствува измамен од ветувањата на градоначалниците на СДСМ. Македонија е земја во рецесија во економска криза, со отпуштени работници, со растечка корупција, со растечки криминал! И СДСМ повторно ви ги нуди истите луѓе повторно со истите лаги! Време е СДСМ да замине во историја! Време е СДСМ да не се повтори! СДСМ е најлошото за Македонија, СДСМ е најлошото за вашата општина! Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“, порача Стоилковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.