Стоилковски: ЈО да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на омилениот играч на Заев, Ден Дончев

64

Уште еден функционер на СДСМ фатен во криминал, уште еден случај за кој што Обвинителството е затворено во пупката на Заев. Во овој хибриден режим, Јовески и Русковска реагираат само од немај-каде, кога случајот би излегол во јавност, а и во тој случај не секогаш предметите имаат завршница.

Во овој хибриден режим кој што прави компромиси со криминалот, информации и докази стојат во фиока и по неколку години, со што директно Обвинителството создава неправда.

ЈО се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев. Цела година знаеле за нелегалните приходи на Ден Дончев, а не презеле никакви дејства. И повторно требаше медиумите да објават за тоа да соопштат дека се води истрага за Дончев, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари.

Ден Дончев половина година примал пари од муртинската фирма „Ремаркет“, за консултантски услуги кои ги давал додека бил и директор на ФЗОМ. Тоа е спротивно на закон, спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која што не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ.

Па зошто чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Ден Дончев!?

Притоа Ден Дончев е омилениот играч на Заев, за кој што веќе има кривична и судски процес за случајот Рекет 2, обвинет за рекетирање и спречување на странски инвестиции во домашното здравство и спречување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.

Дополнително ЈО треба да одговори зошто ги толерира и други афери за Дончев за кои што, како што пишуваат медиумите, имаат докази, а сепак истрага нема ни на повидок!?

Според информациите од медиумите Ден Дончев годишно преку посредници можеби земал над два милиони евра од компании и фирми кои што за да си ги земат парите од ФЗОМ морале да му исплатат процент!

Очекуваме ЈО да се оттргне од канџите на Заев и да почне да работи според законот и според дадените заклетви.

ЈО мора да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на омилениот играч на Заев, Ден Дончев. Доколку сепак се одлучат да му слугуваат до крај на криминалецот од Муртино, правда ќе има со воспоставувањето на правната држава по изборите.

Со СДСМ и Заев, Македонија е оценета како хибриден режим, и добивме неспособност, криминал и сиромаштија.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е за правна држава, без компромиси со криминалот, и за владеење на морален кодекс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.