Стоилковски: Општинските власти во Ѓорче Петров го признаа скандалот со набавката на две машини за перење за над 25.000 евра

Откако објавивме дека само во Општина Ѓорче Петров, две машини за перење чинат 25.500 евра, за што објавив и документи од Јавни набавки и документ потпишан,  за јавна набавка на стоки со договорни страни детска градинка „Росица“ во Ѓорче Петров и ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје со потписи од директорката на градинката и од носителот на набавката, општината предводена од Александар Наумоски од СДСМ истрча да каже дека набавката сега немало да се изврши, изјави во саботата на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски посочи дека набавката којашто е за 10.000 евра повисока од пазарната вредност на двете машини за перење, бидејќи наместо нивната редовна малопродажна цена од 25.500 денари станува збор за понуда за иста машина со исти перформанси како набавката по цена од 6.650 евра плус ДДВ, што значи вкупно 15.000 евра, или цели 10.000 евра повеќе од сумата за која уредот може пазарно да се набави. А таа требаше да ја плати општината Ѓорче Петров преку детската градинка „Росица“ за само две машини за перење.

„Сега таа набавка, откако ја објавивме, немало да се изврши. Криминал до криминал, лага до лага“, рече Стоилковски повторни презентирајќи го договорот.

Според документот, потпишан од директорката на градинката поставена од градоначалникот Александар Наумоски, датиран од 18.05.2021 година, во рамките на јавните набавки е наведено дека по 15 дена од траењето на огласот за тендерот, процедурата е завршена.

„И сега, Наумовски преку општинскиот портал вели градинката самостојно вршела избор, тие немале врска. Ама на продажбата се пријавиле двајца, еден од нив немал комплетна документација, па морало да го изберат единствената понуда со комплетна документација, таа со понуда од 25.500 евра за две машини за перење. И трето, најсомнително, општината на Александар Наумовски вели градинката немала пари, па договорот сега немало да се реализира.Ова е одговор на Наумовски, одговор на општината, кој што вака во целост можеби ја испраќа најважната порака – фатени сте живи“, порача Стоилковски.

Истакна дека самиот случај отвора соменвања за криминални актовности, и притоа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи на неколку моменти.

„1. Ако нема врска општината или ако нема врска Наумоски со оваа набавка, зошто се јавуваат неповикани? Наместо Наумоски да повика истрага, да ја повика и директорката на градинката, да ја казни за ваков чин, тие ја правдаат оваа одлука и притоа најавуваат поништување на договорот.

2. Како тоа, како второ прашање во услови на криза, на економска криза нема фирми заинтересирани за тендер на општинска градинка која што достигнува цена до вредност од 25.500 евра за само две машини за перење? Имало само една заинтерсирана фирма, втората се откажала. Зошто притоа не е спроведена е-аукција за проширување на видливоста на тендерот, со цел подобра понуда? Ако имало само една понуда, со толку висока цена, 10.000 евра повеќе од пазарната, зошто тогаш е потпишан овој договор, а не е поништен тендерот?

3. Ако немале пари, под трето прашање, зошто тогаш е спроведен воопшто тендер, тој тендер, оглас којшто траел 15 дена и зошто тогаш е спроведена постапката до крај, потпишан е договор, за којшто според договорот еден од членовите вели дека при услови за раскинување или прекинување на договорот, вели ако една од договорените страни не ја исполни својата обврска, другата може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот во секој случај има право на надомест на штета. И сега кој и од каде ќе ја наплати казната, каде ќе завршат тие пари?“, рече Стоилковски.

Порача и дека за овој случај градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, кој ја именувал директорката на споменатата детска градинка каде е објавена спорната набавка, мора да даде одоговори.

Стоилковски притоа му се заблагодари на поканата на Наумоски да „оди во градинката“, порачувајќи дека скандалот попкажува дека таму не им е местото ниту на градоначалникот, нитуна директорката.

„Смо вчера во Штип над 100 семејства останаа без леб над масата, над 10.000 луѓе во Македонија годинава станаа дополнително социјални случаи, над 50.000 луѓе останаа без работа во кризата, над 20.000 деца останаа без правото за образование, илјадници починаа заради необезбедена навремена здравствена заштита, ама затоа во Ѓорче Петров се набавуваат две машини за перење за над 25.500 евра“, спореди на крајот од излагањето Стоилковски.