Стоилковски: Пендаровски е второто лице на Заев, транзициски политичар кој ниеднаш не го осудил криминалот и корупцијата на СДСМ

Стево Пендаровски соочен со лагите и прашањата бега од ТВ дуели. За само една недела Пендаровски по втор пат бега и откажува телевизиски дуел со Гордана Сиљановска Давкова на македонските медиуми! Почитувани сите знаат зошто Пендаровски бега од вакви соочувања Пендаровски бега затоа што нема одговор за сите криминали на власта за кои не смее да зборува а се очекува да ги аминува, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Зоран Заев и Стево Пендаровски се истото лице на криминалот корупцијата, партизацијата, девастацијата на државата. Тоа е лицето на криминалот, на „октоподот“ наречен СДСМ што за жал повторно нова генерација Македонци ја преживува со нив. Затоа Пендаровски бега од ТВ соочување, бега од дуел, бега од дебата! Стево Пендаровски е второто лице на Заев, транзициски политичар кој ниту еднаш не го осудил криминалот и корупцијата на СДСМ, ниту „октоподот во 90тите, ниту криминалот „Глобал“ за следната деценија, ниту за евро за Вицето, Евро за црквата односно евро кај на Мирчо бишкарникот“, ниту сега има збор нема за најгрубата партизација и афери за непотизам во државата.“

Како што потенцираше Стоилковски Стево Пендаровски бил аналитичар во МВР за време на најголемото насилство против етничките Албанци во Македонија, Гостиварските настани и тоа е злоупотребено за прикривање на најголемата девалвацијата на денарот истиот ден на 12 јули 1997.

„Стево Пендаровски сега нема ниту збор за изборен криминал конструиран од СДСМ а констатиран од ДИК, исто како што во 2004 година Пендаровски го легитимираше најголемиот изборен фалсификат, кога и ОБСЕ нотираше 8% криминални гласачки ливчиња во изборните кутиите, а тој како претседател на ДИК ги одби сите приговори за насилства со пиштоли, калашникови и бомби! Стево Пендаровски беше советник на Претседател на државата, кога беше заштитен криминал од осум милиони евра, Заев како чувар на фотелјата во СДСМ беше аболиран за криминалот „Глобал“.“

Стево Пендаровски, нема ниту збор за случајот „Поткуп“, очигледен криминал на градоначалник, на Заев кој бара 200.000 евра поткуп за приватизација на државно земјиште, да биде срамот уште поголем нема ниту збор дека Заев од судот диктираше наводни судски реформи!

Стево Пендаровски нема ниту збор за најгрубата партизација и непотизам спроведуван од првите луѓе на СДСМ, внимавајте, од најблиските соработници на Зоран Заев, од Генерален секретар преку портпарол, до пратеници, градоначалници, советници, подвлече Стоилковски и посочи:

„Стево Пендаровски нема ниту збор за кратењето на пензиите во минатото за 8% во минатото, како ниту за сегашното скусување на парите на пензионерите! Стево Пендаровски никогаш немал ниту збор за криминалната Транзиција, за Октоподот, за ТАТ, но ниту за актуелните криминали што ги прави оваа власт во здравството, во пензискиот фонд, во системот на државната безбедност, културата, образованието. Пендаровски нема и нема да има ниту збор за ова. Тој е кандидат кој едноставно се очекува да го аминува криминалот на власта, тој треба да е вториот потпис на Зоран Заев, чувар кој треба да ги помилува криминалите на СДСМ во иднина.“

Според Стоилковски криминалот, корупцијата, злоупотребите на позициите присвојувањето партизацијата на институциите се единствената одлика на СДСМ во секое нивно владеење, а истите транзициски политичари како Зоран Заев и Стево Пендаровски, се истото лице на девастирањето на државата и гласот за Пендаровски е глас за заштита на криминалот!

-Пендаровски знае дека ниту има збор ниту зборот му вреди 5 пари! Дури и ветувањето за бркање од штабот на лицето од Зоолошката градина не го исполни! Затоа и бега од ТВ дуели! Нема одговори за прашањата, нема одговори за потребите на граѓаните и затоа бега криејќи се во лагите во кампањата! Македонија е на чекор до правна држава и таа ќе победи на 5 мај, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.