Стоилковски: Показател за тоа каква е борбата против корупцијата е шестмесечното молчење од ДКСК за попусто потрошени над два милиона денари во Општина Гази Баба

Да ја потсетам Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дека еве веќе точно шест месеци откако во јуни од Општина Гази Баба новата општинска власт во Гази Баба до ДКСК поднесе претставка за залудно потрошени над два милиона денари, една афера која јас ја извадив на прес конференција уште во октомври месец за новинари и експерти за социјални мрежи како и еден продукциски тим кои потрошиле над два милиони денари а немаат поднесено никаков извештај за она што е сработено ниту има некаков видео материјал поднесено“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Посочи дека од тогаш поминати се шест месеци а нема никаков резултат за овој случај кој не е ни малку банален ниту мал и понуди еден показател каква е борбата со корупцијата во Македонија.

„Ангажирани без никаков извештај кои земал над 1 милион денари бил Бојан Кордалов експерт за социјални мрежи, околу над 347 илјади денари Љубиша Станковиќ и Санта Аргирова, режисерот Томислав Живковиќ над 278 илјади денари договори во изборна година потпишани од поранешниот градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски“, кажа Стоилковски.

Додаде дека сеуште нема никаква реакција за поднесената претставка од јуни месец.

„Во јуни беше поднесена претставка, во октомври споменав на прес конференција дека се изминати 3 месеци а нема никаква реакција од таму како и за оние четворица кои земале половина милион денари за проект филм документарна серија убавините на Гази Баба од кој нема апсолутно ништо ни снимка ни извештај“, изјави Стоилковски.