Стоилковски: Прилепскиот командир Чипсио фатен во акцијата од ДЕА пуштен во домашен притвор?

Стварно ли Чипсио, Кире Спиркоски, оној прилепскиот прв полицаец фатен во акција на ДЕА во транспорт на дрога со шоферот на мафијашите од Муртино е пуштен во домашен притвор, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Затоа ли е тегавењето во Општина Прилеп за назначување нов командир, затоа ли одлуката на Советот не се потпишуваше? Зоран Заев, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ , можете ли ова да го потврдите?

За информација на граѓаните, не за мене! Јас ве знам што картел сте, им порача Стоилковски.