3.8 C
Skopje
петок, ноември 29, 2024

Стоилковски: Шилегов надградува на диво, се штелуваат документи

Петре Шилегов продолжува да гради надградба на диво. Петре Шилегов нема и не покажа документ за надградба, не покажа платени комуналии. Петре Шилегов гради над дозволеното. Одобрение за реконструкција не е одобрение за надградба. Петре Шилегов манипулира и ја става цела машинерија за криење на неговиот криминал, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Ова е свеж, денешен, Имотен Лист на Петре Шилегов, за семејната зграда. На него стои дека правото на сопственост за градежна парцела е запишан со датум – 04.09.2021 година! И тоа со правосилност од 03.09.2021 година, односно оваа година! За потсетување, само ден претходно, пред да е запишан во Имотниот лист, неговото право на сопственост за земјиште на прес конференција објавивме дека Петре Шилегов не е сопственик на земјиштето каде што гради дивоградба односно надградба! И тоа лесно се проверува! Дури и на имотниот лист со којшто Шилегов вчера излезе пред јавноста, за сопственост за земјиштето стои шифрата – 814 – што означува само „право на користење“. Нема сопственост. Колку за информација, сопственост се означува со шифра – 831, рече тој.

-Ова е доказ зошто Петре Шилегов молчел цело време! Чекал да се променат фактите поврзани со неговата дивоградба. Кои се не институции се впрегнати во обид колку – толку да ги испеглаат документите, да се наштелуваат документите за она што Шилегов го прави – гради надградува на диво? Се менувале факти коишто не постоеле пред да биде објавена во јавност дивоградбата! Дали пред штелувањето на документите воопшто имал претходно основа за било какво одобрение, тоа треба да го кажат други истанци. Уште еднаш директно ги повикувам инспекциските служби за урбанизам при Општина Карпош да излезат, да ја проверат висината на градбата, да ги проверат документите и да кажат дали надградбата на Петре Шилегов е во висина која што е одобрена според ДУП! Истовремено ги повикувам и од државниот инспекторат за урбанизам, надредени при молкот на општинските инспектори, да одат и да проверат дали надградбата на Петре Шилегов е во рамките на габаритот на куќата која што претходно постоела таму. Ќе дојде време сите документи ќе се отворат, а одговорноста покрај Шилегов ќе сносат и оние што молчеле пред урбанистичкото насилство. Ова се факти – Петре Шилегов по информација дека не е сопственик на земјиштето врз кое што надградува, следниот ден добива правосилност, а потоа и се менуваат податоци во катастар. Во сабота, за само два дена, за Шилегов може се’, сета машинерија впрегната во одбрана на дивеењето, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Петре Шилегов надградува на диво, се менуваат, се штелуваат документи наместо да се излезе на терен и да се испита состојбата. Ова е доказ дека СДСМ е на врвот на бетонизацијата, на врвот на урбаниот хаос и на врвот на дивоградбите. Шилегов нема дозвола за надградба, гради над дозволената висина. Шилегов молчеше цело време, за да врши притисок институциите врз коишто делува од позиција на моќ да влијае, во ден сабота да се менуваат документи! Само два дена откако беше посочено дека тој НЕ Е СОПСТВЕНИК на земјиштето каде што врши надградба! Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов, истакна Стоилковски.