Стоилковски: Шилегов потврди дека нема дозвола за надградба

Петре Шилегов потврди бесправно гради семејна зграда. Петре Шилегов нема дозвола за градба. Петре Шилегов излегува од габаритот на претходната градба и излегува од дозволената максимална висина според постојниот ДУП! Значида сумирам, Петре Шилегов ја замајува јавноста, една недела му требаше да се собере храброст да излезе на прес и да каже дека тоа што сите го гледаат- не постои! Реконструкција почитувани, според Законот за градење,  значи изведување на работи во рамки на постојниот габарит. Петре Шилегов го менува габаритот на објектот, се додава на висина и на катност, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Според ДУП висината на објектот е 8.8 метри, со приземје кат и поткровје! Тоа што на имотниот лист на Петре Шилегов има два стана тоа не значи ама баш ништо. И поткровје има со станови, ама се поткровје со определена помала висина на ѕидот- затоа се оние косини во тие станови! Односно имаат помал внатрешен волумен. Петре Шилегов под реконструкција сака да прикаже надградба на постојниот објект со цел добивање на цел кат без намален волумен, плус  градба над дозволената или веќе постоечката висина. Петре Шилегов почитувани, го потврди тоа што го зборувавме. И Петре Шилегов во паника од најавената кривична пријава, излезе со документ зад кој што нема одговори, истакна тој.

Стоилковски прашува: Според кој ДУП му е издадено ова решение за реконструкција кое што го извади во јавноста?

-Зошто Петре Шилегов со решение за реконструкција прави доградба односно надградба, иако не смее да биде објектот повисок од максималната висина од 8.8 метри? И најважното, зошто ги крие изведувачот и решението за градба со тоа што не постави информативна табла, што е задолжителна пред објект кој што се гради? Уште еднаш ќе повторам, Петре Шилегов е фатен во тесно ја замајува јавноста, зборува дека тоа што сите го гледаат – не постои, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.