Стоилковски: Системот колабрира поради воениот профитер Заев и неспобноста на власта

Зоран Заев се однесува како воен профитер затоа што е неспособен и ситуацијата му бега од контрола, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, по завршувањето на прес-конференцијата што ја одржа лидерот на СДСМ.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

„Во овој период гледаме како секојдневно партијата на власт е посветена на една работа. Колку повеќе прават гол п-р толку повеќе во реалноста и бегаат работите од контрола и доведуваат под опасност човечки животи. Требаат да признаат- неспособни се.

Ако некој немал план тоа беше изгубениот Зоран Заев кој единствено го интересира неуставно враќање на парламентот за да го помине законот за опојни дроги и други закони коишто се од интерес на фамилијата на Заев. Значи и во вакви тешки моменти, Зоран Заев го гледа интересот на Вице Заев.

Ние цела недела предлагаме сет на антикризни економски мерки, а денеска од владата видовме неспособна и навредлива понуда до стопанството. Заев денес осуди на банкрот илјадници компании и илјадници вработени кои ќе останат без работа.

Ќе потсетам дека решението одложување на избори и предлог за состанок на експертите беше на предлог даден од кај нас.

За жал денеска Заев создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните со своите контрадикторни изјави. Имено тој еднаш вели еднаш дека буџетот е ликвиден и државата може да се справува со економската катастрофа во најава, а веќе во следната реченица говори за земање на кредити со цел стабилизација на буџетот. Ваквите изјави создаваат несигурност и кај народот и кај стопанствениците, што само може да ја влоши економската состојба.

Дополнително бара стопанските субјекти уште од сега авансно да ги платат давачките кон државата, што е крајно неодговорно и економски неиздржано, бидејќи субјектите се соочуваат со економска катастрофа којашто е почната цел месец, а ќе трае најмалку уште толку. Во таква ситуација прашање е дали и колку овие субјекти ќе издржат, а не пак авансно да ги плаќаат давачки.

Системот колабрира поради воениот профитер Заев и неспобноста на власта.

Таквата непособност до пред некој ден државата ја чинеше криминал и сиромаштија, а од денеска тоа ја чини и здравјето на граѓаните. Наместо пресови и скапи п-р агенции коишто ги плаќаат нека засукаат ракавите и нека почнат со работа“, порача Стоилковски.