Стоилковски: Според која методологија на списокот од „безбеден град” има лица од една, а нема од друга криминална група?

-Продолжуваме со прашања кои даваат одговор, зошто Македонија се дави во криминал. Оливер Спасовски има многу за објаснување за список за, како што се нарекува, стручно „редовна контрола и претрес на безбедносно интересни лица”.
Цела недела Спасовски молчи и по прозивка од неделникот Фокус, дека, цитирам „На списокот од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес”, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Се работи за листата од планот Безбеден град, и оттука, легитимни се прашањата:
-Зошто на списокот нема членови на определени криминални групи како Беланоца, Кондово или Барон?
-Зошто на списокот за претрес и проверки нема ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак, дали тие не се безбедносно интересни лица?
-По која методологија на списокот од Безбеден град има лица од една, а нема од друга криминална група?
-Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски?
Но, Спасовски должи и одговори:
-Како е можно МВР по скратена постапка да дава дозвола за оружје на луѓе од овој список?
-Дали е дадено одобрение за оружје на човек во првите 5 од оваа листа?
Почитувани, Скопје и Македонија се дават во криминал, а институциите наместо да се борат со криминалот, тие шуруваат со криминалот рече Стоилковски.