Стоилковски: Универзална сала на Шилегов не работи, а изнајмува опрема за над 100.000 евра

Пет години скопската Универзалната сала е затворена, пет години нема никакви случувања, ама тоа не значи дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов и неговиот пријател Филип Аврамчев, поставен од Шилегов за директор на Универзалната сала, не виделе добра шанса за нелогични трошења во овие години, рече на прес=конференцијата во саботата Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски потстеди дека Универзалната сала веќе пет години е затворена и пропаѓа, дека во тој период не се намало ниедно случување, а со години изнајмува, плаќа рентање опрема за настани во вредност од над 100.000 евра, а притоа, се купува опрема за звук и светло за 6.500 евра.

„Во 2019 година Универзалната сала на Шилегов, внимавајте, дава 52.381 евро за „Техничка поддршка и наем на техничка опрема за озвучување и осветлување на настани во организација Универзалната сала“. Односно ИЗНАЈМУВА опрема, плаќа над 52 илјади евра за опрема, за светло и озвучување, иако нема сала Универзалната сала е затворена и нема настани!?“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Наведе притоа дека истото се повторило и во текот на изборната 2021 година, кога повторно е објавен тендер за изнајмување на  „Техничка поддршка и наем за озвучување и осветлување“ и се даваат 50.400 евра, иако нема каде и што да се озвучува и да се осветлува, а притоа постои опрема која во 2018 е дополнета со опрема за 6.500 евра!

Според Стоиловски, овие договори ги добива компанија којашто според познавачите е позната и блиска на Петре Шилегов и побара градоначалникот да каже дали тоа е основот за Универзалната сала да мора да изнајмува опрема иако е затворена и нема услови и нема каде да организира настани!.

„Во две години, 2019-та и 2020-та , има склучени четири договори на Универзалната сала за маркетинг и рекламирање сите платени по 23.000 евра или вкупно над 92.000 евра! 92.000 евра за реклами на Универзалната сала, а Универзална сала е затворена и нема настани! Што е тоа што е рекламирано за настан во Универзална сала што чини 92.000 евра платени за услуги од маркетинг агенции?

Значи да повторам нема настани, 100.000 евра се дадени за изнајмување за опрема за звук и светло иако Универзална сала е затворена и не работи. Нема настани, ништо не се случува, Универзална сала е затворена, а мора да одговорат што е тоа што рекламирале во две години за 92.000 евра“, рече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ сумираше дејка „додека Шилегов секоја година имаше нов став за Универзалната сала, а неговиот кабинет уште и додаде „нема да се руши, ама ќе се гради, само да видиме каде“, Универзалната сала е непресушен извор и за луксузи! Над 18.000 евра за три години се дадени за резервации на авионски карти за Универзална сала. Следат трошоци за хотели, ресторански услуги, рентакар, храна, пијалоци, мобилни телефони, севкупно 65.000 евра за три години. Три години со Петре Шилегов Универзалната сала нема – ама има трошоци за изнајмувања опрема, рекламни агенции и за луксузи“!.