Стоилковски: Владата на секој пензионер ќе му скуси 400 денари месечно

Премиерот Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно, обвини во саботата Наум Стоилковски, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објасни Стоилковски, ако просечната пензија изнесува 15 000 денари, тоа значи кратење за најмалку по 400 денари од пензија или вкупно пресметано значи дека на пензионерите ќе им бидат скратени над 124 милиони денари или над два милиона евра.

Додаде дека скандалозно е тоа што во исто време кога се случува качувања на платите на министри и одредени градоначалници власта спроведува кратење на пензии.

„Кратењето на пензиите удира безмалку на над 310 илјади семејства во Република Македонија. Им ја намалуваат куповната моќ на пензионерите, од нив создаваат социјални случаи. Наместо достоинствена старост, ги туркаат во економско ранлива категорија. Ветуваа раст наобивме кратење. Значи повторно излажаа.“

За Стоилковски неприфатливо е што министерката Царовска дури се заканува дека ако не било ова кратење пензии ќе морало да има раст на старосната граница за пензионирање. Пари во буџетот има но тие завршуваат за криминал и луксузирање на власта. Едно зборат, а друго зборуваа пред изборите кога ветуваа се и сешто. Граѓаните нема да ги трпат овие уцени.

Власта брутално ги лаже и си поиугрува и со пензионерите и со граѓаните, животот на Заев сега ќе им крати 400 денари месечно на пензионерите или 124 милиони денари вкупно. Затоа мора да заминат што поскоро од владата на Република Македонија, дополни Стоилковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.