Стоилковски: Власта ниту ги слушна, ниту ги прифати ставовите на опозицијата за измените на собранискиот Деловник

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за измените на собранискиот Деловник каде посочи дека досега тој деловник се носел врз основа да има консензус од сите политички парламентарни партии особено помеѓу власта и опозицијата. Имено тој во своето гостување посочи дека измените на собранискиот Деловник ниту биле слушнати, ниту биле прифатени ставовите на опозицијата.

-Собранискиот Деловник го регулира однесувањето и работата во Собранието, во законодавниот дом, место каде што би требало да се надградуваат законските решенија што власта би требало да ги предлага со помош на опозицијат,а да бидат донесени за да бидат за заедничко добро за сите. Но собраниски Деловник се носи и досега било практика да се носи со тоа што ќе има консензус од сите политички парламентарни партии особено помеѓу власта и опозицијата за да биде донесена било каква измена, да се направи на собранискиот Деловник. Не само што не е договорено кога ќе се најде деловникот на собраниска седница, туку воопшто за изработка на измените на собранискиот Деловник воопшто не беа прифатени ставовите ниту беа слушнати , ниту беа посакувани ставовите на опозицијата. Се работи на тоа што власта бегајќи од тенкото мнозинство сака да направи измена за да воведе е-собрание односно да се гласа и да се учествува во работа преку интенет комуникација што во превод тоа значи кршење на Уставот, рече Стоилковски во своето гостување.