Стоилковски за Царовска: Трета министерска функција, без никаков резултат досега

Само вие спијте на тоа уво и градете и имиџ на Мила! Ова е најголемата “дивоградба” во заевиот кабинет. Трета министерска функција, без никаков резултат до сега, со трета шанса за уништување, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ги скрати пензиите, го исуши вториот пензиски столб, предложи ужас од закон за социјална заштита. Ама затоа постави систем за државен поткуп.

Потоа беше министер за странски инвестиции и не само што не донесе инвестиции, туку и во тој период најмалку 30.000 лица загубија работа.

И сега оваа дивоградба се вградува во образованието. Веќе се шири муабетот за односот и врескањето кон директорите кои велат дека нема услови за настава. Не само што нема “онлајн” систем, нема ни учебници! Би учеле и од дома, ама нема од што! Јака им душа и на вработените во образованието и на родителите, за децата жалам!

Ама терајте и маркетинг, дури се свестите, комплексот “Нино и популистите” ја испразни државата“ – порачува тој.