Стоилковски: Заев е класичен феудалец кој рудното богатство во Македонија го доделува на своите семејни фирми

Зоран Заев е класичен феудалец кој што го присвојува рудното богатство во Македонија и го доделува на своите семејни фирми, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во утринското гостување на телевизија „Алфа“.

-Кога се појавува проблемот со Лидија Димова, кога се појавува проблемот со Еразмус, кога го имаме Дака во Тетово, ШИК Јелак-огромен скандал, го имаме скандалот со луксузната вила во Грција на Заеви, прашањето на градба на цела фабрика во Босилово, нешто што едноставно го игнорираат од власта, затоа што човекот кој што гради една цела фабрика на земјоделско земјиште вонградежен опфат и го легализира криминално за да може да биде фабрика за марихуана е близок човек на Зоран Заев. Веројатно успуштив некои од огромните скандали кои ги имаат како актуелното доделување на концесии на бате Вице и на бате Трајче за експлоатација на минерални суровини и руда за следните 30 години. Кој премиер може на својот брат и братучед односно на нивните фирми да им издаде концесија на 30 години. Зоран Заев е класичен феудалец кој што го присвојува рудното богатство во Македонија и го доделува на своите семејни фирми и за тоа нема никаква реакција ниту од Антикорупциска ниту од обвинителството, истакна портпаролот Стоилковски.