Стоилковски: Заев и криминалниот картел на власт ја туркаат државата во банкрот

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека криминалниот картел предводен од премиерот Зоран Заев на чело на власта ги задолжи граѓаните со нови 16 милиони евра, вклучително со деветте милиони евра долг од минатата седмица само во мај криминалниот картел на Заев ги задолжи граѓаните со нови 25 милиони евра долг.

„Зоран Заев и криминалниот картел на власт ја туркаат државата во банкрот. Првпат во независна Република Македонија јавниот долг надмина пет милијарди евра, а државниот долг е над четири милијарди евра. Граѓаните прашуваат каде завршуваат нивните пари, знаејќи дека спиралата на покачување на цените расте, а има стагнација и намалување на платите, на пензиите на социјалната помош, нема капитални инвестиции“, рече Наум Стоилковски, портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека државата без никакви реални основи се задолжува од страна на владејачката гарнитура, а притоа економијата е во постојан пад.

„Градежништвото бележи огромен пад, само во март оваа година бројот издадени дозволи за градба е за 45 отсто помал од истиот месец минатата година. Тоа е шок за целата економија, знаејќи дека градежништвото со себе повлекува десетици други стопански гранки“, посочи Стоилковски.

Кажа дека сите инфраструктурни проекти се неоправдано закочени, а дека тоа е одраз на неспособноста и безидејноста на овој „криминален картел“ на власт.

„Немањето капацитет да се води држава придонесе нивото на реализирани капитални инвестиции во првиот квартал од оваа година да изнесува само 7,4 проекти. Колку може да се очекува да изнесуваат капиталните инвестиции и нивната реализација до крајот на годината, 30, 40 или 50 отсто, но ни толку, но никако не може да се очекува 100 процентна реализација на капиталните инвестиции до крајот на годината“, заклучи Стоилковски.

Оцени дека сегашната власт покажала дека не знае да ја води државата.

„Државата под раководство на СДСМ стагнира, а граѓаните се се посиромашни. Ова расипничко однесување мора да запре. Оваа власт не знае и не може да управува со државата. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“, рече Стоилковски.