18 C
Skopje
сабота, јули 4, 2020

Стоилковски: Заев и обвинитеството ги кријат вистинските лица зад случајот „Рекет“

120

Секому му е јасно дека „Рекет“ не застанува на тројцата обвинети и дека спрегата на Зоран Заев со обвинитеството во пупка ги кријат вистинските лица кои што стојат зад најголемата криминално – рекетарска афера, најголемото криминално здружување, државната мафија во Македонија!, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев, владата и обвинителството мора да одговорат, дали рекетарската шема е сочинета од следните луѓе:

1.Точно ли е дека „Професорот“ вклучен во рекетарската мрежа е доскорешен кандидат за претседател на државата, долгогодишен професор на правниот факултет „Јустинијан Прима“ во Скопје, лустриран за соработка со службите?

2.Точно ли е дека „Советникот од странство“ вклучен во рекетарската мрежа, е еден балкански мешетар, со искуство во енергетиката, кој што Зоран Заев го довлечка од Белград во македонската влада, а за кого што балканските политичари го предупредуваа Заев?

3.Точно ли е дека „новинарот“ вклучен во рекетарската мрежа, а за кој што пишува Героски, е самопрогласен бард на македонското новинарство на браникот на рекетарската 1ТВ, единствен поранешен директор на Јавниот сервис со средно образование, единствен новинар со безбедносен сертификат, издаден за да има увид во досиејата на потенцијалните рекетирани?

4.Точно ли е дека „соработничката“, „носител на акцијата“ во рекетарската мрежа, блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, е истата заради која што се измисли позиција заменик – претседател на партијата СДСМ, и има подарени чевли од Боки 13?

5.Точно ли е дека човекот „од најголема доверба“ вклучен во рекетарската мрежа, за кого што Героски пишува дека „без него не може да се стокми ниту еден бизнис во земјата“, „без аванс од извесна сума евра“, е истиот човек за кого што Заев вели дека седнува со министри, како министерот за здравство, за да „помага на луѓе“?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека оваа исплетена рекетарска мрежа, води до главата на октоподот, до шефот на државната мафија. „Рекет“ е производ и носечки столб на владеењето на Зоран Заев и на неговата влада. Заев замина. Се погласни се посочувањата за владеење со закани по живот. Обвинителството не смее да сокрива информации или да остава време за осомничените да го продолжат делото, да влијаат врз сведоци, или да избегаат! Ваква форма каква што е опишана во членот 394 од Кривичниот Законик како злосторничко здружување, и за тоа мора да има одговори и одговорност!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.