Стоилов и Шишкарев ги продолжија договорите со Вардар

РК„Вардар“ ја продолжи соработката со четворица свои ракометари меѓу кои и капитенот Стојанче Стоилов и Русинот Данил Шишкарев. Двајцата потпишаа договори до јуни 2020 година.Голманот Даниел Ѓоѓески и крилото Мартин Поповски за една година ги продолжија договорите, до јуни 2019.Сите играчи беа дел од успесите на клубот во последните две сезони, во освојување на европската титула и трофеите во СЕХА лигата и домашното првенство и Купот.

Задржувањето на домашните играчи кои ги задоволуваат нашите критериуми секогаш е приоритет за Вардар. Клубот веќе работи на подготовките за новата сезона, и се собираат сите потребни камчиња во мозаикот за да можеме повторно да бидеме во самиот европски врв. Задржувањето на оние на кои им завршуваа договорите е и задржување на поголем дел од костурот на тимот. Веруваме дека со новите засилувања повторно ќе бидеме респектибилен тим во лигата на шампионите, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.