Стоилов: Oдиме максимално на реваншот, се надевам дека ќе одиграме подобро

Капитенот на актуелниот ракометен шампион Вардар, Стојане Стоилов, вели дека овој пораз од Веспрем е „тежок“, но реваншот во Унгарија нема да биде само формалност.

„Сакам да му честитам на Веспрем.  Се случува, игравме добро само на стартот,  нивните голмани бранеа неверојатно, паднавме на самодоверба. Веспрем е  фаворит, ние не успеавме  да ги изненадиме. Сепак, ова е ракомет и  одиме максимално на реваншот во Унгарија. Се надевам ќе одиграме подобро“, изјави Стоилов.

Реваншот меѓу Веспрем и Вардар се игра на 6 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.