Стоилов: Срам да ни е на сите…

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов кој е познат по цврстиот став за непромена на името на нашата држава по денешните случувања во Парламентот и донесената одлука за Уставни измени со кои е овозможено преименувањето во Северна Македонија жестоко реагираше на социјалните мрежи.

Ментално нестабилни сме сите во државава што дозволуваме вака да ни прават! Срам да ни е на сите! За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА – напиша Стоилов.

Пикерот денеска беше еден од хероите во победата на македонскиот национален тим во првиот натпревар од Светското првенство, беше прогласен и за играч на натпреварот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.