Стојаноска: Морален чин ќе беше доколку роднините на функционери од власта не се пријавеа на огласите за вработување

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на Топ Тема на телевизија Телма истака дека не се говори за партиски вработувања, туку се зборува за класичен непотизам.

-Тоа е непотизам кој што е скандалозен, затоа што имаме членови кои се вработени од најблиско семејство браќа, сестри итн. па можеби и во некои случаи станува збор за кривична одговорност, вели Стојаноска.

-Сестра на сестра и сестра на брат потпишува решение за вработување, овде не се работи само за морален чин, доколку се работеше само за морален чин роднина, близок на функционер на власта не се пријави воопшто на огласот за вработување, морален чин ќе беше доколку пред јавноста да дознае тие се пријавеа и морален чин ќе биде доколку функционерите си поднесеа оставка, истакна Стојаноска.

Таа вели и дека самата партија и членство треба да ги повикаат на одговорност функционерите на СДСМ за ваквото однесување.

-Имаме извештај на Транспаренси интернешнл и Греко каде Македонија е падната за 17 места подолу, доколку СДСМ сметаат дека ќе се оправдаат со владеењето 11 години на ВМРО-ДПМНЕ се лажат, вели Стојаноска.

Пратеничката истакна дека сите овие вработувања се исклучиво вработувања каде што има високи плати и дека СДСМ се во страв од поразот на претседателските избори и во брзање сакаат да ги вработат нивните семејства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.