Стојаноски: Една година Наумоски градоначалник, една година неработа, неодговорност и негрижа за проблемите на граѓаните

Помина една година од локалните избори, градоначалникот Наумоски за таа година успеа од општина која важеше за една од најчистите општини во Република Македонија да направи една огромна депонија која се дави во локални проблеми, изјави денес Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека оваа година ја обележа неработење, неодговорност и негрижа на локалната власт за потребите и проблемите на граѓаните.

Единствено што гледаат граѓаните на Ѓорче Петров е како градоначалникот Наумовски се кити со туѓи перја. Да го потсетиме градоначалникот дека полициската станица и пожарната станица, патот до Кучково, улицата Црногорска, Знеполе, Алексо Демиевски и Пробиштипска се проекти на ВМРО – ДПМНЕ и го повикуваме наместо да се фали со туѓи проекти и да бара начин да ја стопира реализацијата на фекалната канализација, реконструкцијата на 33 улици во Волково и останатите капитални проекти започнати од ВМРО – ДПМНЕ да започне со работа и да ги реализира ветените проекти, нагласи Стојаноски.

Жителите на Ѓорче Петров се уште ги очекуваат ветените проекти од кој досега нема ни трага ни глас. Нема ништо од:

градинката во Волково,

кружен тек на сред село во Волково

нова амбуланта во Дексион

спортска сала во Хром

нов голем трговски центар

музеј на современа уметност

нов театар

пазар во Даме Груев

милтимедијален центар

нема ништо и од нов отворен и затворен базен

Ѓорче Петров заслужува повеќе стипендии за млади, повеќе индустриски зони и нови работни места, заслужува повеќе работа. Ѓорчепетровци не сакаат самопромоција и лажни ветувања туку сакаат чиста и средена општина, чист воздух, училишта во кои не шетаат змии и училишта каде што учениците ќе имаат ужинка. Тоа за жал оваа локална власт предводена од Наумовски и СДСМ не може и не знае да го направи, изјави денес Стојаноски.

https://www.youtube.com/watch?v=C4iPWgIBtS0

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.