Стојаноски: СДСМ прави изборна злоупотреба и кршење на изборниот законик а ДИК молчи

СДСМ на дело спроведува груба изборна злоупотреба и кршење на изборниот законик, а Државната изборна комисија (ДИК) се прави нема и продолжува да молчи, истакнува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оцени дека владејачката СДСМ и пемиерот Зоран Заев поради „преголем страв и паника“ поради катастрофалниот пораз кој ќе го доживеат на претстојните локалните избори диреκтно и свесно го прекρшуваат и злоупотребуваат изборниот заκоник, а со тоа придонесуваат за нефер изборен процес,

Стојаноски вели и дека претседателите на општинските изборни комисии кои се задолжени да ги водат изборите се во првите редови на митинзите на СДСМ низ државата.

„Пред само две недели претседателката на ОИΚ од Κратово беше во првите редови на партиската конференција на СДС за промоција на кандидатот за градоначалник на СДС во Κратово. Потоа, претседателот на ОИΚ од Κисела Вода, Томо Мојсовсκи, беше сликан κаκо врши теренски активности за СДС во Κавадарци. Но, за ова ДИΚ се уште молчи и се става во функција на партисκа испостава на СДС и Зоран Заев“, рече Стојаноски.

Посочи претседателите на ОИΚ се избираат од редовите на државни службеници под препоставка дека ќе бидат независни и непристрасни во своите активности за време на изборниот процес.

„Граѓаните очекуваат фер и демократсκи избори. ДИΚ мора веднаш да ги санкционира овие партисκи агитирања од страна на членовите на општинските изборни комисии во полза на СДС и Заев. Никој не смее да се дрзне да си поигра со волјата на граѓаните и поради тоа ВМΡО-ДПМНЕ бара да се обезбедат минимални услови за нормален изборен процес. Ова безаконие кое се случува мора веднаш да престане. СДС и Заев да престанат да ги злоупотребуваат државните институции и да ја мешаат партијата и државата, а со тоа директно да го газат Уставот и законите во Ρепублика Македонија“, додаде Стојаноски.

Нагласи дека законите мора да се почитуваат и да важат еднакво за сите. Заев, Спасовски, Шекеринска, да дозволат да се спроведат фер избори и да не ја окупираат државата.