Стојчевски го заврши настапот на ЕП

Европското првенство заврши за средниот бек на македонската ракометна репрезентација Никола Стојчевски. Тој по повредата на препонте во дуелот против Чешка ќе мора да паузира најмалку две недели.
“Станува збор за проблем со препоните, поради што следи пауза од најмалку две седмици. Ова практично значи дека нема да можеме да сметаме на Стојчевски до крајот на шампионатот“, изјави докторот на репрезентацијата, Никола Панчевски.
“Во финишот од мечот со Данска почувствував болка во пределот на препоните. Следниот ден не тренирав, но за жал само штом влегов во игра против Чешка состојбата се влоши и не можев да се вратам на теренот. Разочарувањето е огромно“, вели Стојчевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.