Стојкова: Ние сме живееле и ќе живееме заедно, без никој да ни крои планови од надвор

Македонската песна секаде се слуша и пее и нашата песна секаде се препознава како македонска. Во Македонија секогаш живееле многу народи Македонците кои се мнозинство во оваа држава секогаш имале соживот, погледнете ја чаршијата, погледнете ги сите наши творби, умотворби, песни, нашата архитектура, науката која се промовира не само со македонските вредности туку и со сите народи и сите култури кои се дел од нашата земја, изјави Велика Стојкова, млад научник.

-Дали знаете дека македонскиот јазик е признаен секаде низ светот заедно со се неговите дијалекти, но не само македонскиот јазик, и албанскиот, и турскиот, ние заедно ги прославуваме празниците, носиме мартинки и Македонците и Албанците и затоа сите не знаат, ние промовираме живот, ние сме живееле и ќе живееме заедно, но без некој од надвор да ни кажува како да живееме, вели Стојкова.

Уметникот Стевчо Стојковски пред Собранието на Македонија даде кратка изјава во која ја поддрза иницијативата „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

stojkovski

-Браќа и сестри овде сум со вас рамо до рамо за да ја зачуваме унитарноста на нашата држава, овде сум со вас за да ја задржиме нашата историја, култура, нашиот јазик. Овде сум за да го докажеме постоењето на нашиот јазик, нашата култура која е богатство, јас како уметник се борам да го зачувам тоа богатство и идентитет на Македонија, рече Стојковски.