10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Столе Димитриевски позитивен на коронавирусот

Столе Димитриевски објави дека има позитиве тест на корона вирус, но веднаш ги информираше своите фанови дека се чувствува добро и дека наскоро очекува кам-бек на фудбалските терени.

-Во одлична кондиција сум и ги почитувам протоколите во домашен карантин. Ви благодарам на сите за поддршката и се гледаме наскоро на терен, објави голманот на Рајо Валјекано и македонски репрезентативец.

Во следните неколку денови што ќе ги миен во самоизолација, Димитриевски повторно ќе биде тестиран.