20.8 C
Skopje
сабота, јуни 25, 2022

Столе Додевски е прогласен за најдобар полицаец за 2021 година, соопшти Стефковски

137

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук пишува дека Столе Додевски е прогласен за најдобар полицаец во 2021 година.

-Столе Додевски е прогласен за најдобар полицаец за 2021 година!

Денес во просториите на општина Гази Баба остварив средба со полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Гази Баба Столе

Додевски, кој по спроведена постапка е избран за најдобар полицаец за 2021 година.

На полицискиот службеник ќе му биде исплатена еднократна награда за успешната работа во 2021 година, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.