Столе и Вардар играа како европски шампиони, Флензбург капитулираше во „Јане“!

Вардар се крена од пепелта и со самоувереност на еден европски шампион го надигра и го победи Фленсбург, лидерот и единствениот непоразен тим во групата А, со 31-26, пишува Спорт1.мк

Кога Европа мислеше дека нејзиниот се уште важечки првак е потонат во просечноста, тој се издигна за да им покаже на сите што значи кога се игра со срце. „Изнемоштени“ од неактивност точно еден месец, вардарци влегоа во дуелот со Фленсбург гладни за надигрување и уште во првото полувреме тоа дојде до израз.

Во последните 10 минути од него поведоа почувуствително, имаа и 15-11 и 16-12, сепак по неколку мигови деконцентрација на пауза заминаа со 17-15. Вториот дел почна добро за бундеслигашот, кој конечно профункционира како што го знаеме, изендачувајќи на 19-19. Меѓутоа, Вардар бргу се врати во ритамот од првиот дел и со серија од 3-0 повторно се одлепи.