Столтенберг ја повикува Русија да престане со „трупање“ војска околу Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика во вторникот Русија да престане со наводните провокации и трупање на војници „во Украина и на границата на Украината“.

„Изминатите седмици Русија доведе илјадници војници подготевни за борба на украинските граници. Тоа е најмасовното трупање на руски сили по илегалната анексија на Крим во 2014 година“, тврдеше Столтенберг на зедничката прес-конференција во Брисел со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Руското трупање војници е неоправдано, необјасниво и длабоко загрижувачки. Русија мора да престане со трупање војска во Украина и околу неа и да престане со провокаците“, порача Столтенберг без да изнесе податоци.

Москва повеќепати оваа седмица одговори дека нејзините трупи се распоредуваат во согласност со нејзините суверени права за маневри и проверки на готовнаста. Исто така, руската страна предупреди за воените акции на силите под контрола на рускојазичниот одметнат југоисток на Украина, зголемувањето на американските и силите на НАТО на сите руски граници, како и најновото испраќање на американски воени бродови во Црното Морек во близина на полуостровот Крим.

Украинскиот министер за надвроешни работи Дмитро Кулеба изјави дека „Русија мора да сфати дека Украина припаѓа на западниот свет, светот на демократијата и дека Западот нема да ѝ дозволи да ја разбие украинската демократија и сувереност“,

„Украина не е дел од рускиот свет и никогаш тоа нема да биде“, истакна Кулеба апелирајќи на нови, којзнае кој по ред круг санкции против Русија.

Во вторникот Брисел допатува и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ќе разговара со украинскиот колега Кулеба, Во Европак е и американскиот министер за одбрана Остин Лојд, кој во вторникот престојува во Берлин, а во среда ќе допатува во Брисел.

Во среда е предвидена видео-конференција на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Блинкен и Лојд на овој виртуелен состанок ќе учествуваат од седиштетот на НАТО во Брисел на кој ќе ги известат сојузниците од другите 29 членки за американските ставови за Украина и за состојбата во Авганистан.