Столтенберг бара разбирање за ставовите на Турција за проширувањето на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика да се земе предвид резервираноста на Турција во врска со веќе се поизвесното примање на Финска и Шведска во Алијансата.

„Турција е ценета сојузничка и потребно е да се одговори на сите безбедносни проблеми. Мораме да стоиме заедно во овој историски момент“, објави ноќта кон вторникот на Twitter Столтенбер по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Шведска и Финска најавија дека за неколку дена ќе поднесат барање за членство во НАТО, а на тоа ги поттикнало менувањето на геополитичката клима во Европа по почетокот на руската воена интервенција во Украина кон крајот на февруари.

„Турција не може да каже ‘да’ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно“, изјави во понеделникот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Повтори дека двете земји ги поддржуваат „терористичките организации“, меѓу кои ги апострофира милитантната сепартатистичка Работничка партија на Курдистан (PKK), која е забранета во Турција и е на листите со терорирстички организации на ЕУ и на САД, како и курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), поддржувани до САД во Сирија.

Ердоган порано порача дека „скандинавските земји се ‘сигурни куќи’ за терористичките организации“, а Чавушоглу предупреди дека изминатиот викенд курдски активисти имале состаноци во Шведска.

Во текот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите во НАТО во Берлин, Чавушоглу осуди неколку земји од Алијансата поради речиси децениското ограничување на извозот на оружје во Турција поради нејзината борба против курдските организации, а таква практика кон Анкара имаат и Финска и Шведска.

Не е сосема јасно што би ја спречило Турција да вложи вето на проемот во членство на Финска и на Шведска во НАТО, но диломати за германската новинска агенција DPA рекле дека ветуваат дека истапувањето на двете земји во борбата против тероризмот и извозот на оужје би можело да игра важна улога.