Столтенберг бара уште повеќе оружје за Киев, Шолц ветува помош колку што е потребно

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побара во средата во Давос да се испрати уште повеќе оружје во Украина, а германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека Германија ќе ѝ помага на Украина сѐ додека е потребно.

„Ова е клучен момент во војната и помошта за Украина треба значително да се зголеми. Ако сакаме договорено мирно решение утре, мора да испратиме повеќе оружје денеск“, рече Столтенберг во интервју за Reuters на маргините на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

На прашањето дали Германија ќе дозволи нејзините тенкови „Leopard 2“ да бидат испратени во Украина, Столтенберг одговори претпазливо, велејќи дека консултациите продолжуваат, но ја поздрави одлуката на Британија да испрати 12 или 14 тенкови Челинџер во Киев.

Велика Британија го зголеми притисокот врз Берлин оваа недела со тоа што стана првата западна земја која вети дека ќе испрати 14 тенкови „Challenger 2“ во Украина.

Покрај тенковите, Столтенберг рече дека на Украина ѝ се потребни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и оклопни возила, како и муниција и резервни делови, како и подобри способности за одржување на оружјето.

Рече и дека ситуацијата на фронтот е стабилизирана во последните седмици, но и дека долгите жестоки борби во Бахмут ја докажуваат важноста од испраќање повеќе оружје. Русија се фокусираше на Бахмут (Артемовкс, на руски) откако последните седмици тврди дека го освоила блискиот рударски град Соледар, иако од Киев сѐ поретко тврдат дека нејзините сили сѐ уште се во градот со стратешки огромни подземни коридори кои се протегаат на 160 километри и веројатно досегаат и до Бахмут.

„Претседателот (на Русија, Владимир) Путин не покажува знаци дека се подготвува за мир и затоа мора да сфати дека не може да победи на првата линија“, рече Столтенберг.

 

Германија ќе ѝ помага на Украина сѐ додека е потребно

Германскиот канцелар Шолц им порача на светските челници собрани во Давос дека Германија ќе ѝ помага на Украина „колку што е потребно“ и дека земјата „се брани со голем успех и импресивна храброст“. Напорите на Украина, помогнати од нејзините меѓународни сојузници, резултираа со тоа што Русија не ги „оствари своите империјалистички цели“.

Ја истакна помошта што ѝ ја даваат на Украина земјите од групата Г7, истакнувајќи дека Германија лани издвоила 12 милијарди евра. Шолц е единствениот лидер на Г7 кој учествува на Светскиот економски форум во Давос оваа година.

„Ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина сѐ додека е потребно“, рече тој.