Столтенберг ги осуди „произволните“ апсења во Белорусија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги осуди во вторникот „затворањата и грабнувањата“ на опозициските активисти во Белорусија.

Во текот на теклефонските разговори со министрите за надворешни работи на белоруските соседни земји, Латвија, Полска и Естонија, генералниот секретар на Алијаната „изрази сериозна загриженост поради произволните затворања и гранбуваа на опозициските активнист, нарекувајќи го тоа неприфатливо кршење на меѓународните норми“, се наведува во соопштението за медиумите.

Столтенберг повторил, поради белоруските тврдења дека НАТО трупа единици на границите, дека Алијансата „останува во готовност, стриктно дефанзивна и подготвена да одврати секаква агресија на сојузничките во НАТО“.